Груевски: Митко Тилески ќе ги исполни очекувањата на граѓаните

од desk3
95 прегледи

Нашите опоненти се свесни дека ако не излажат, во Охрид како и во најголем дел од Македонија, ќе загубат на овие локални избори, затоа очекувајте сега да ветуваат се и сешто, а ветеното нема да го исполнат. Ќе има живот, ама само за нив како што е веќе 4 месеци низ цела Македонија – рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Груески, на централниот митинг во Охрид.
На одговорни функции се поставија аматери и некомпетенти кадри, додаде Груески, ги запреа безмалку сите градежни проекти во Македонија, правеа партиски хајки со кои мислеа дека ќе не уништат, но тие тонат во својата безидејност. Со формирањето на новата Влада, економијата бележи пад. ВМРО ДПМНЕ создаде визија за иднината на Македонија која ќе ја одведе земјава во НАТО и ЕУ, во наредните 10 години ќе се обезбедат нови 150.000 работни места, намалување на неврабореноста за 10%, изградба на нови енергетски капацитети и се она што ми е потребно на народот .
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Митко Тилевски, вети дека со реализација на партиската програма, Охрид ќе добие европски лик.