Груевски може да се подготви само да замине, бидејки доаѓа нова Влада!

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Никола Груевски мора да ја прифати реалноста. Тој може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата.

Ефектите од документите на Груевски ги почувствуваа граѓаните. Но заврши тоа време за лични криминали и криминали на неговите соработници.Сега пред целата домашна и меѓународна јавност е конкретен документ зад којшто стојат околу 700.000 граѓани на Македонијаа, соопштува СДСМ

Тоа е Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто гарантира квалитетен живот за сите граѓани независно од каква било различност, правда за сите, заедништво и реформи за евроатланските интеграции. Таа Програма го разобличува Груевски и тоа го потресува, бидејки му ги одзема сите лажни вести.

Никола Груевски мора веднаш да се повлече од насилната реторика, да шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми и да ги малтретира луѓето да ги бранат неговите криминали.

Тоа што тој го прави е неговата паника и хистерија пред соочувањето со одговорноста.

Македонија мора да оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада. Така избраа граѓаните и тоа Груевски повеќе не може да го спречи, соопштува СДСМ.