Македонскиот премиер и лидер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рече дека  е постигнатиот договор меѓу четворицата политички лидери од 2-ри јуни  и тој ќе биде исполнет. На 15-ти јануари ќе има преодна влада, рече Груевски, но одби да ја коментира изјавата на коалицискиот партнер Али Ахмети дека ќе поднесе оставка на 10-ти јануари.

грујо

Во меѓувреме, водачот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз СДСМ Зоран Заев ,изјави дека опозицијата не бега од одржувањето на предвремените парламентарни избори на 24-ти април. Заев сепак постави како услов прочистување на избирачките списоци и нормализирање на медиумската средина во земјата. Сакам да слушнам кој ќе биде политички лидер, кој ќе се согласи да спроведеме избори со 1 780 000 гласачи кај помалку од 1 600 000 жители, рече уште Зоран Заев.

Во меѓувреме факт дека се пробиени роковите за решавање на медиумските состојби, и неодстастува рабтата на ДИК под полн капацитет, како и средување не само на хартија  туку и на терен на избирачките списоци.  Во моментов тргнуваат највалканите кампањи  против сите кои се спротиставуваат на политиките на Груевски , етикатерање на опозициските медиуми, девалвирање на специјалното обвинителство, и цела кампања од афери за „Фабрикување афери“ кои треба да релативизираат се што  би се извадило, дали од спец.обвинителството, дали од медиумите и опозиционите партии против лидерот  и тајфата на владеачката ВМРО ДПМНЕ. Токму поради тоа  веднаш по новогодишните и божиќни празници доаѓа и еврокомесарот Јоханес Хан , кој треба да ја потсети владината машинерија и лидерите дека договорот од Пржино мора да се спроведе. Тој  има свој ред, што завршува не со какви било туку со фер избори, до колку  Македонија сака да остане во европското друштво. Не е нужно да ја слушаат ЕУ , порачуваат извори од ЕУ , но тоа ќе значи дека Македонија ќе биде исфрлена од заедницата  и вратена 10 чекори назад и повторно на почеток, што во актуелниот регионален контекст е сериознен ризик и атак врз опстојбата на посотоењето  на државата.

Одговорноста за тоа е сепак  не е на ЕУ туку на актуелната  власт и лидерство на политичките репрезенти, на  медиумски газди прават профит и притисок врз новинарите за да  ја сокриваат и изверуваат вистината, на злоупотребените „новинари кои ја лажат јаноста, и  на бизнисмените кои демек не се мешаат но заради бизнис интереси  стојат и ги поддржуваат  ваквите политики на власта во Македонија.

Во политичките експертски кругови се повеќе се заговара не само преодна влада, туку и идна влада на национален спас која треба на подолг период да ја извади и реформира оваа корумпирама и изместена од европскиот колосек Македонија .

Слични содржини