Дел од „бомбите“ на денешното рочиште за Титаник се однесуваа на локалните избори од 2013 и се слушаше како Миле Јанакиески се јавува по луѓе, за да се информира како оди излезноста и дали се јавуваат и работат за излезност на гласачите.

Од разговорите можеше да се чуе како Јанакиески се јавува по луѓе и им кажува кога „да притиснат повеќе, да се работи во кол центрите, „да истурат повеќе луѓе каде се послаби, па дури и да се јавуваат по фирмичиња со кои имале соработка“, а кога пак „да престанат со јавување и сите луѓе да ги изнесат да одат од врата на врата“.
Јанакиески во еден разговор со Никола Груевски му кажува дека се работи и дека имаат 100 кол центри што цело време се јавуваат, но и за резултатите и можноста да има втор круг во Центар, каде Миле го уверува дека ќе бидат 600 плус минус разлика со СДСМ.
– Да ни беа преспанциве ќе завршевме работа, вели Груевски и му вели „види таму со нашиве да прават и неважечки за после да правиме записници“./Libertas