Груевски на листата осомничени на СЈО

од Vladimir Zorba

Поништувањето на аболицијата го додаде лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на списокот осомничени на Специјалното јавно обвинителство, информира Телма.

gruevski_18

Поранешниот премиер се сомничи дека ги злоупотребил службената положба и овластувања во случајот ТНТ, кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на Фиат Цаноски. Според наодите на СЈО, Груевски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, со цел да му се одмаздат на Цаноски за напуштањето на коалицијата, го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски со експлозив да го урне „Космос“.

-Во врска со предметот во јавноста познат како „ТНТ“ донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против три лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од член 353 од Кривичниот законик, а поднесени се и предлози за определување мерка за претпазливост против истите три лица, соопшти Специјалното јавно обвинителство.

Во моментот кога СЈО го објави овој случај, Груевски, Јанакиески и Трајковски беа аболирани од Иванов, поради што немаше можност против нив да биде започната постапка.

Од обвинителството на Јанева нема информација какви мерки за претпазливост се побарани за овој случај.

Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека предлозите се веќе добиени и распоредени кај судии на претходна постапка кои ќе постапуваат по нив во текот на наредните денови.

СJO денеска објави и дека побарало да продолжи судската постапка против лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Пуч“, во кој е обвинет за шпионажа и помагање насилство врз државни функционери.

Покрај него, во „Пуч“ се обвинети поранешниот разузнавач Александар Верушевски и уште три лица.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини