Груевски: На сите кои не можеа да ме смислат и да ме издржат минатата, оваа година ќе им биде полоша

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Поранешниот осуден премиер, Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта на социјалните мрежи ја честиташе Новата година и порача дека на сите кои не можеле да го смислат оваа, идната година ќе им бидела полоша.

Среќна нова 2023 година!

Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф!

Бог нека е со Вас и со Македонија!

П.С. На сите луѓе кои не можеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша, напиша Груевски.

Слични содржини