Никој не смее да го заплашува народот и ние ќе се спротивставиме на секоја закана-изјави премиерот Гуевски синоќешната Свечена академија.
„Народот не постои за политичарите, туку тие постојат за народот, кој одбира и решава. Неприфатливи се заплашувањата од политичките опоненти кон пензионерите, земјоделците, социјално ранливите категории, бизнисмените, судиите, обвинителите, новинарите. Силно и решително ќе се спротивставиме на сите оние кои го заплашуваат народот. Не сакам на овој празник да се конфронтирам, но и нема да премолчам и не смеам да премолчам, и да не кажам дека секој оној кој се дрзнува да го навреди народот, да го потцени, да го заплаши, ќе наиде на препрека во мене лично и во политичка гарнитура која ја предводам. И нема да помине“, рече премиерот Груевски.
Хан уште еднаш го повтори редоследот: Договорот од Пржино, фер избори па тогаш ЕУ
За медиумите ќе прифатиме само европски искуства, рече Груевски, потенцирајќи ги принципиелните и реалните позиции. Македонија има закон за медиуми од 2013-та, позитивно оценет од ОБСЕ и од ЕУ.
„Ние сме подготвени да прифатиме измени на закон или нов закон, но само ако таков закон постои во било која европска земја, членка на ЕУ, и кој ќе биде прифатен од оние на кои се однесува, на медиумите и новинарите. Поевропски од ова нема, поевропски здравје! Кој закон сакаат од земја членка на ЕУ таков ќе прифатиме. Но, не нешто што никаде го нема“, нагласи Груевски.
