Груевски негира дека ќе се тргне од премиерската позиција за СДСМ

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Груевски негира дека ќе се повлече  од премиерската позизција заради  премиер на СДСМ, и дека министри на СДСМ би влегле во техничка влада(политичка), но не коментира дали друг на негово место од ВМРО ДПМНЕ може да дојде на негово место. Тој вака јавно  го  генералзира одбивањето на се што доаѓа од СДСМ, ди вели  за такви барања треба да дојдат само преку избори. Тој сепак  не коментра зошто тогаш  оди на преговори и не соопштува што  бара  и што очекува – глумење преговори или  лидерски  средби  за тепање,купување  време.gruevski-ams-pres

Груевски  денеска не соопшти што ќе му каже на  евроамбасадорт  Хан , кој со некакви предлози доаѓа во Вторник, ниту кој е неговиот предлог за излез, ама  упати порака што не треба да прави СДСМ:

„ Со внимание ги следат сите овие шпекулации кои ги продуцира СДСМ и медиумите блиски до нив и понекогаш се чудам на нивниот начин на пуштање шпекулации и создавање на нереални амбиции и нереални очекувања. Размислувам како да одговорам. Доколку одговорам многу сериозно некој може да помисли дека има некоја вистина во однос на создавање преодна влада каде министри и премиер ќе одберат СДСМ. Ако одговорам само со насмевка може да бидам погрешно сфатен и затоа ќе кажам дека СДСМ треба да научи дека министри и премиер ќе може да бира тогаш кога ќе победат на избори и кога ќе ја добијат поддршката од мнозинството граѓани на Република Македонија. Се дотогаш нема да имаат можност ниту за министри во владата, за ниту премиер затоа што ја немаат потребната доверба од мнозинството граѓани. Тоа е основната работа во една демократија, изјави Груевски ,одговарајќи на новинарско прашање за пишувањата на медиумите блиски на опозицијата дека ќе биде договорена техничка влада во која тој нема да биде премиер, или дека  ќе биде формирана егзекутивна комисија, која ќе функционира како влада.

Запрашан дали ги смета како можен компромис евентуални предвремени избори кои би се одржале по Нова година, премиерот Груевски рече дека засега такво нешто не планирал.

Од опозициионата СДСМ, коментарите за истите прашање се дека  нема друг излез за надминување на кризата  освен повлекување на Груевски  и негова оставка !Следно би било  преодна влада, без Груевски,  во каков било формат за да потоа за 10 на месеци се подготват за фер  и демократски предвремени избори.

Од лидерската  средба во Вторник нема големи очекување , уште помалку  од евроабасадорот ХАН, кој  веројатно ќе има некаков „интересен “ предлог колку за дебатирање.

Како што брифираа дипломатски извори за локално.мк,  оваа средба ќе биде само формална , и дека вистинските одговори и решенија се очекуваат во наредните 10 дена, кога САД и ЕУ ќе го подигнат нивото на преговорите со свои специјални претставници, со високи ингеренции,  кои ќе ги седнат на маса Груевски и Заев со конкретен предлог-решенија , за што ќе немаат премногу простор за манипулирање и купување време. Нема да има отстапки од преодна влада, а ќе може само да се преговара за нејзиниот формат, прецизираат истите извори. Новата  преодна влада освен подготвовка и спроведување на фер избори, ќе треба да го решава  и проблемот со името,што ќе го убрза  интегрирањето на Македонија во  евроатлансите процеси.