Груевски негира своја вмешаност и на ВМРО ДПМНЕ во аферата Телеком

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Премиерот Никола Груевски негира вмешаност на функционери на ВМРО ДПМНЕ во аферата Телеком. Не одговори директно на прашањето дали поранешната министерка за внатрешни работи Јанкуловска и екс – директорот на УБК Мијалков биле вклучени во земање мито од контроверзниот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.

Тој се брани со цените во мобилната телефонија, Доволно говори фактот што ВМРО ДПМНЕ уште додека беше во опозиција бараше либерализација на телекомуникацискиот сектор, но СДСМ не го направи тоа, рече Груевски, но други детали  и одговри на прашањата нема

– Во нашата програма за изборите во 2006 година дадовме јавно ветување дека ако ВМРО ДПМНЕ победи на изборите, во првите 60 дена, значи во првите 60 дена ќе биде објавен јавен повик за трет мобилен оператор. Во првите 60 дена беше објавен повик за трет мобилен оператор. Веднаш потоа се изнајде трет мобилен оператор и цените паднаа за 70 проценти. Мислам дека тука се е јасно..

Сепак, според сведочењето на екс – разузнавачот Слободан Богоевски пред судот во Њујорк, посредникот Беким Земоски покрај на власта, и испорачувал пари и на тогаш опозициската ВМРО ДПМНЕ, и тоа преку фирмата Аналитико. Во сведочењето пишува дека парите ги примала доскорешната министерка Гордана Јанкуловска. Исто така, во докуметот е споменато и името на Сашо Мијалков, кој како што пишува, му барал пари на Кондоминас за да се сопре истрагата против директори во Телекомот. Богоевски тврдел дека со овие активности бил запознат и Груевски. Тој посочува дека дел од документите и доказите за криминалот му биле директно на рака испорачани од страна на пратеникот и лидер на ДС Павле Трајанов . Истово тврдење на Боговски го потврди и Трајанов, додавајќи дека такви докази и документи биле дадени на Груевски и на медиуми и невладината Транспарентоност,  но истрага и реакција на премиерот немало.

Пред два дена, предмет за аферата „Маѓар Телеком“ конечно отвори и македонското обвинителство.Сведокот за американскиот суд Слободан Богоевски, во моментов затвореник под сомнителни околности во  според него монтиран случај од власта , изјави дека може да го повтори истото сведочење и за македонското обвинителство.

Засега останува непознато со оглед на тоа што во приспушуваните материјали тема е и аферата „Телеком“, дали специјаниот обвинител Катица Јанева ќе го процесуира и овој предмет.