ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг со граѓаните на Прилеп. Опозициската партија побара уште мандат со цел да се развие индустријата и економијата. Претседателот на оваа партија, Никола Груевски истакна дека економија е во опаѓање и затоа граѓаните на 15 октомври ќе ја казнат актуелната власт. Според Груевски, Владата на Заев со своите нестручни кадри ја урива економијата на Македонија и ги намалува капиталните инвестиции. Груевски ја обвини Владата и за уништување на индустриските зони.