Груевски пред септември не може да оди на извршување на затворска казна

од desk2
81 прегледи

Поранешниот премиер Никола Груевски пред септември не може да оди во затворот Идризово на издржување на двегодишната затворска казна, објави Телма.

Судот најдоцна за 60 дена мора нему и на останатите странки писмено да им ја испорача пресдуата. Оттогаш врви рок од 8 дена Груевски, да поднесе жалба до Апалациониот суд. Заради колективниот одмор во судовите дури на есен Апелација на јавна седница ќе пресече дали Груевски ќе оди на издржување на казната во Идризово или не.

Коментарите во јавноста дека осуденик се остава на слобода не се точни тврди адвокатот Асмир Алиспахиќ, бидејќи додека повиоскиот суд не ја потврди одлуката по жалба, тие лица се слободни, особено ако се има предвид дека специјалното обвинителство не побара мерка за претпазливост – притвор.

Повеќе тука.