ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заендици во Mакедoнијa вклучувајќи ја и албанската етничка заедница. Во 2008 за првпат  се донесе Законот за употреба на јазиците и се донесе во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата. Она за што ние  се залагаме е да не се случи да се донесе закон кој  што што ќе биде против уставен и кој подоцна може да се случи да падне на Уставнен суд, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за ТВ АлсатМ.

На новинарско прашање како реагира на изјавите на Гордана Јанкулоска која Албанците ги викаше Индијанци, Груевски рече.

Не знам дали ги нарекувала така, станува збор за креирани материјали, но не знаме како СДСМ ги нарекува. Станува збор за креирани материјали. Ги осудувам сите навреди кон било кои луѓе, ако има навреди кон Албанците ги осудувам тие навреди, рече Груевски.

Вложивме 400 милиони евра за автопатиша каде доминантно население се Албанците.

Во врска со претстјоните локлани избори, на прашање од новинарот дали е спремен да си поднесе оставка од челната позиција во партијата доколу ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби изборите, Груевски кратко одгогори: “Претседателот на партијата ја носи најголемата одоворност”.

 

Слични содржини