Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги демантираше информации дека заминува од претседателската функција на партијата. Тој, пред Триумфалната порта во Скопје, на трчање, кратко им одговори „Не„ на новинарските екипи , додека го чекаа неговиот коментар за овие и некои многу позначјни прашања за решавање на политичката криза во Македонија.
Груевски избира наследник во ВМРО-ДПМНЕ – Никола и Никола против Антонио
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со неодамнешното назначување на министрите за надворешни работи Никола Попоски и за здравство Никола Тодоров, ги промовираше двата можни негови наследника кои треба да го преземат кормилото на партијата, по неговото повлекување, тврдат извори во владејачката партија заСАКАМДАКАЖАМ.МК.
Тоа што со нивното назначување премиерот Емил Димитриев има рекордни пет вицепремиери, во ВМРО-ДПМНЕ го сфаќаат како официјален почеток на кампања за помасовно присуство на Попоски и на Тодоров меѓу членството на партијата и меѓу граѓаните.
“Кој ќе помине подобро кај народот, кај членството, тој ќе биде предложен за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и неговите луѓе од Извршниот комитет најголема поддршка му даваат на Никола Попоски, кој се перцепира како неизвалкан фунционер и личност која не е скарана и се уште добро комуницира со меѓународната заедница и со стратешките партнери на Република Македонија.
Груевски има доверба и во Никола Тодоров. Ако не успее Попоски доволно да се зближи со членството и да го убеди дека ќе може повторно да ја консолидира партијата, Груевски и Извршниот комитет ќе се обидат тоа да го сторат преку другиот, односно третиот Никола, министерот за здравство. „Тоа се единствените доверливи луѓе на Груевски преку кои тој може да продолжи да ја води и контролира партијата“, објаснуваат извори блиски до највисоките органи на ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат да останат анонимни бидејќи не се овластени да зборуваат во јавноста.
Сметките на Груевски и неговите најблиски соработници меѓутоа им ги мати трета личност, а тоа е Антонио Милошоски чија популарност расте кај членството на партијата, а наводно веќе го придобил и поголемиот дел од членовите на Централниот комитет, тврдат извори во партијата.
„Антонио, ги потсетува на старото ВМРО-ДПМНЕ“, велат изворите на САКАМДАКАЖАМ.МК. Наводно Груевски нема доверба во него оти стравува дека Милошоски ќе му го направи истото што тој му го направи на Љубчо Георгиевски. Се плаши дека откако ќе биде избран за лидер, прво што ќе направи, ќе направи чистка во партијата, почнувајќи од Груевски, па до последниот негов соработник со кои владееше овие 10 години и предизвика тешка политичка криза во државата.