Груевски решава кој ќе го замени Мијалков

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Повеќе имиња се во оптек за позицијата прв човек на тајната полиција или официјалниот назив директор на УБК.Неспорно е тоа е одлука на лидерот Никола Груевски и на Мијалков!mijalkov-gruevski-s-1-540x235

Македонската влада на денешната седница, како што најавуваат повеќе македонски медиуми, повикувајќи се на владини извори, ќе треба да реши кој ќе го замени Сашо Мијалков, досегашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.Тој пред две недели поднесе неотповиклива оставка, како што наведе, за да придонесе во надминувањето на политичката криза во земјата.

Повеќе имиња се во оптек за позицијата прв човек на тајната полиција или официјалниот назив директор на УБК.Неспорно е тоа е одлука на лидерот Никола Груевски и на Мијалков! Како што дознава, Локално.мк  се игра и со експерите и професионалците од  редовите на МВР и со партиски истомисленици . Како најсигурен и најупатен се експлоатира името на  досегашниот шеф на кабинетот на Мијалов, Тони Јакимовски, кој и без тоа ја вршел целата работа За можни наследници на Мијалков низ експертската јавноста и медиумите деновиве се шпекулира и за поранешниот министер  Сиљан Аврамовски кој  и претходно имал позиции во ДБК а се спомнуваат имиња и на  началници на скопската УБК. Најнесигурна е варијантата со  началникот на петтата управа Горан Груевски, кој веројатно ќе биде  на удар  во некоја следна фаза на судска  разрска со прислушуваните материјали кои ги објавува опозицијата  во пакетот насловен „Бомби на СДСМ “

На седницата владата треба да расправа и за тоа кој ќе биде и нов директор на Бирото за јавна безбедност. Досегашниот директор Митко Чавков, стана министер за внатрешни работи, откако Гордана Јанкуловска поднесе оставка.