Првин оставките на своите клучни соработници, сега и предвремени избори и целиот пакет на промени се јасни знаци дека Груевски се повлекува. Тој ретко што признава, велат луѓето од неговото опкружување но фактите се поразувачки и постапките се нужност. Тој само еднаш рече дека.„можеби претеравме“ бранејќи се за проектот Скпоје 2014, и мислејќи на обемот на градбите и спомениците, демек сакале да ја пополнат големата празнина наеднаш, но сега отспатките се евидентни.
Сега за прифатеното од средбата во Пржино во резиденцијата на ЕУ, премиерот Никола Груевски вели дека прифатил предвремени избори заради стабилноста на државата, Тој додава дека тоа е заради тоа да не продолжи агонијата до 2018, со ширење омраза, создавање неизвесност меѓу луѓето, инвеститорите, бизнис заедницата и кај компаниите кои отвораат нови работни места. Тој додаде дека таквиот чекор е покажување и сигурност во уверувањето дека ВМРО ДПМНЕ повторно ќе добие доверба од граѓаните.
Груевски велиизбори во Април но не спомнува дека на договорот од Пржино кој на 10 јуни треба да биде парафирано во Брисел од Заев, Груевски и Хан, стои и дека договореното од Скопје и Брисел нема да го спроведува тој како премиер туку нова влада. Таа влада за подготовка на изборите веројатно ќе биде насловена во стилот на„ Европска влада за спроведување на реформи“, или друг назив но по формат составена од власта и опозицијата, и премиерска позиција за некој друг од ВМРО ДПМНЕ. Така е барем договрено и запишано, алтернативата на тоа ако се повлече Груевски се радикализација на опозициските протести и продлабочување на кризата.А Груевски нели не е за продолжување на агонијата на Македонија,
