Груевски се правда на Сител зошто предвремени избори

од Vladimir Zorba
118 прегледи

По вчерашниот договор за предвремени парламентарни избори, премиерот Никола Груевски денеска на Сител се правда зошто ги прифатил предвремените избори и веројатно зошто ќе прифаќа и натаму оставки.

20515mala

Груевски  сметал дека во оваа ситуација најдобро било да се стави крај на агонијата во која, како што вели, опозицијата ја внесла Македонија и дека неговата одлука била донесена врз основа на интересите на граѓаните за обезбедување на економски развој и реализација на ветените проекти.Не дека бил виновен и фатен во тесно- никако.Тој уште додава :

-Хендикеп е во овој период што граѓаните не можат да видат како изгледа еден целосно завршен мандат на ВМРО-ДПМНЕ со сите завршени проекти и жалам што во овој период не успеавме и не ни беше овозможено во целост да го завршиме мандатот и да ги покажеме нашите перформанси и учинок пред граѓаните после четири години мандат. Ние сме свесни дека преку глава им е на граѓаните од предвремени избори и тие сакаат да видат целосно завршен мандат на оваа Влада и поретко избори – рече Груевски во изјава за Сител.

Интересно е дека Груевски сега се претставува како конструктивен, иако целиот изминат период, од февруари кога почна кризата, децидно одбиваше предвремени избори, а уште помалку преодна влада која истите ќе ги организира. Иако преодната влада се уште не е договорена (треба да се разговара на 10 јуни во Брисел), сепак, Груевски се согласи на предвремени избори, нешто што досега го одбиваше.

Ве потсетуваме на прес конференцијата на Груевски од 25 февруари кога беше прашан за предвремени избори, и тоа од истиот новинар кпред кого денеска се правдаше и објаснуваше во неговиот кабинет во владата.