Груевски се сретнал со рускиот амбасадор Шчербак

од desk2
116 прегледи

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, придружуван од Александар Николоски, денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак.

Како што известуваат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата се одржала по барање на рускиот амбасадор, а се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и Русија.

Груевски истакнал дека по несоставувањето Влада и истекот на мандатот од 20 дена, се создала зрела ситуација за нови избори, но некои од партиите покажале страв за организација на нови предвремени избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметале дека распоредот на силите по претходните избори нема да овозможел услови за непречена реализација на било чија програма и дека најдобро решение за излез од кризата биле нови избори.

Рускиот амбасадор сметал дека минатогодишните протести негативно влијаеле на економски план, внесувајќи нестабилност и неизвесност во државата.

Покрај ова, разговарале и за глобалната економија како и за економските состојби во Македонија и Русија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.