Екс премиерот и бегалец, Никола Груевски од Будимпешта преку Фејсбук им честиташе на фудбалерите за историскиот пласман на Европското првенство и посочи дека инвестициите кои тој и неговата влада ги правела во спортот денеска давале резултати.
– Се покажа дека тој концепт и тој проект кој тогаш го формираше владата, Министерството за образование и наука тогаш предводено од Спиро Ристевски и Агенцијата за спорт и малди, тогаш предводена од Марјан Спасовски, во непосредна и одлична соработка со фудбалската федерација на Македонија тогаш предводена од Илчо Георгиевски беше токму она што недостасуваше, вели поранешниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ.
Честитки за македонската фудбалска репрезентација за денешната победа и за првиот пласман на Европското фудбалско…
Posted by Nikola Gruevski on Thursday, November 12, 2020