Груевски си игра со оган, предупреди поранешен претставник на ЕУ во Скопје

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Македонската влада се однесува крајно неодговорно и ја потценува ситуацијата во републиката , рече поранешниот шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, Ерван Фуере. Според него, кабинетот на Груевски носи најголемата одговорност за случувањата во Македонија, но и останатите политички субјекти не треба да бидат ослободени од одговорност, пренесуваат бугарските медиуми.

“Владата треба да се стави на преден план интересите на државата и пред сè на својот народ пред други партиски интереси. За жал во изминативе години нивното однесување е токму спротивното. Тие си играат со оган. Она што најмалку може да направи Владата на оваа фаза е да ги покани на разговор сите политички лидери и заедно да повикаат на смиреност. Овој дијалог треба да стави почеток на преодниот период во кој ќе се решаваат сите тешки прашања “, рече уште Фуере за Фактор “.

Според него, “колку повеќе Никола Груевски останува на власт толку поголема ќе биде неговата одговорност за иднината на земјата”. “Македонија не може да си го дозволи луксузот да ја повтори ситуацијата од 2001 година”, рече тој.