Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер Никола Груевски во интервју за интернет порталот Пресс24 ги коментита актуелните политички состојби во државата. Меѓу другото го коментира и однсот со Заев и опозицијата. Ви пренесуваме дел од интревјуто:
“Напаѓачите на Македонија и изгубија една година и пол на нашата држава, толкав период живееме во заложништво, но народот е бедемот на нашата Татковина, и тој го зададе најсилниот удар, кој својот вистински ефект ќе го има на следните избори.
Како се чувствувам? Она што успеаја да го направат е дополнително да ме мотивираат за заеднички со народот да го поразиме нивното сценарио.
Хелсиншки комитет: Човековите права се изгубија во партиско-политичкиот дискурс
Се сеќавате на познатата Рамбл ин д џангл(Rumble in the Jungle), најпознатата битка на Касиус Клеј односно Мохамед Али откога го промени името, во целата негова кариера. Беше многу одамна. Никој тогаш не очекуваше дека Али ќе победи со Џорџ Форман, поради подготвеноста на противникот, или во случајов противниците би рекол, но сепак на крај тој победи.
Тоа што Мохамед Али успеа, е да го надмудри и психолошки да го победи својот противник. Противникот на Али, Форман имаше направено тотално погрешна проценка за чекорите и начинот како Али ќе се бори.
Форман на почетокот удираше и удираше, а Али го допушташе тоа, рунда по рунда, Али пушташе Форман да удира, роуп а доуп(rope a dope)ја нарекоа неговата стратегија, и се случи Форман во осмата рунда да се умори, а Али тогаш почна. И ми се чини дека заврши со нокаут, Форман беше декласиран.
Е сега, сите се прашуваа во првите осум рунди зошто Али така боксува, мислеа дека е наместен мечот, мислеа дека Али е ослабен, но вистината беше дека Али имаше стратегија и се однесуваше различно од тоа што неговиот противник го профилирал за него.
Осмата рунда за Заев допрва доаѓа, а финалниот удар ќе дојде на 24ти април.”
Повеќе ТУКА
