Груевски во Америка му врачи орден на РМ на Буш

од Vladimir Zorba
177 прегледи

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, на гала вечерата на организацијата Македонија 2025, му го врачи Орденот на Република Македонија на Џорџ Буш, 43-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.

PVRM Gruevski mu vraci Orden na RM na pretsedatelot Dzordz Bush_1

Премиерот Груевски истакна дека заради големиот придонес на поранешниот американски претседател Буш во градењето на пријателските односи помеѓу Република Македонија и САД, тој го заслужува Орденот на Република Македонија кој го доделува Претседателот на Република Македонија.Ама тој не е тука.PVRM Gruevski mu vraci Orden na RM na pretsedatelot Dzordz Bush_9

Претседателе Буш, дозволете ми во име на Владата на Република Македонија, во мое лично и во име на сите македонски граѓани да Ве поздравам и да Ви се заблагодарам за придонесот кој го имавте за стабилноста на нашата земја. Поддршката која ја дадовте за Македонија ја препознаваат и ценат денешните генерации на Македонци и истата силно ги зајакна темелите врз кои се градат односите помеѓу нашите држави. Во периодот кога бевте претседател, Република Македонија и САД потпишаа Декларација за стратегиско партнерство. Би сакал да знаете дека признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД и личната поддршка која ја дадовте во текот на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година ќе останат врежани во македонската колективна меморија, истакна премиерот Никола Груевски при врачувањето на Орденот на Република Македонија на 43-тиот американски претседател Џорџ Буш.

PVRM Gruevski mu vraci Orden na RM na pretsedatelot Dzordz Bush_4

Премиерот Груевски во оваа прилика ја реафирмираше значајноста на поддршката која САД ја дава на нашата земја, се вели во соопштението на Владата на РМ