Груевски во новогодишната порака повтроно за кризата ги обвини странските центри на моќ

од Vladimir Zorba
78 прегледи

-На последните избори некои политичари поттикнати од некои центри на моќ играа на картата на чувствата на различните етнички заедници во Македонија. Таа карта им беше инструмент за остварување на други цели

Во продожение дел од новогодишнастс порака на лисеор на ВМРО ДПМНЕ

Зад нас е 2016тата, пред нас е новата 2017та година. И светот и ние во Македонија поминавме низ една тешка и турбулентна година. Светот во 2016тата година ги преполнуваше медиумите со настани кои беа производ на тензии, конфликти, терористички акти, неизвесност, економски кризи, мигрантски бранови, крупни меѓународни политички поместувања. Светот не е каков што беше. Се губеа традиционални пријателства, се стекнуваа нови, земјите покажуваа различност во нивните домашни и надворешни политики, граѓаните испраќаа пораки до политичарите, истакна во своето новогодишно обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Реформите кои водат кон подобрувања на секој план мора да продолжат. Во преден план треба да се интересите на граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија. Треба да се поттиснат напорите за надворешни влијанија  чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и граѓани.

-На последните избори некои политичари поттикнати од некои центри на моќ играа на картата на чувствата на различните етнички заедници во Македонија. Таа карта им беше инструмент за остварување на други цели. Изборите се зад нас, и по формирањето влада треба да се зафатиме со работа и активности на економски план, на планот на реформите во сите области, на планот на стратешките приоритети за приклучувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ, на продолжување на градење на соживот и заедничка иднина за сите нас, а особено за младите, рече Груевски.

Секој од Вас, во новата година влегува со свои лични и семејни планови и проблеми, со лични  желби и предизвици. Секоја индивидуа има свои цели, за кои да не заборавиме дека пред се е потребно добро здравје. Затоа, дозволете секуму од Вас да му посакам да има добро здравје, да го следи среќа, да има смиреност во душата, да дава и да добива љубов повеќе отколку било кога досега, и да ги оствари своите зацртани цели и планови. Нека Ви е среќна и успешна новата 2017та година, им посака на граѓаните на Република Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски