Груевски за „Франс Прес“: По изборите на 5 јуни подготвен сум за уште едни

од desk3
110 прегледи

Партијата се подготвува за предвремени парламентарни избори кои треба да се одржат следниот месец и покрај бојкотот на опозицијата и неодобрувањето на меѓународната заедница, изјави поранешниот премиер Никола Груевски во интервјуто за агенцијата „Франс прес“.

grujo
Тој додаде и дека земјата во следните месеци би можела да се соочи со два изборни цикуси. Доколку се оддржат избори следниот месец, Груевски вели дека откако ќе се формира Парламентот, партијата е подготвена веднаш да излезе на нови избори и да им даде шанса на граѓаните да изберат.

„Во моментов ние сме во многу незгодна ситуација бидејќи сме една од четирите големи партии кои ќе излезат на избори,“ изјави Груевски за „Франс прес“. Според Груевски, не постои начин како да се одложат изборите по распуштањето на Парламентот.

„Генерално, меѓународната заедница не сака да се оддржат избори на 5-ти јуни, но никој досега не понуди уставно решение како да ги одложиме,“ вели Груевски.

Во меѓувреме и лидерот на опозицијата Зоран Заев за „Франс прес“ изјави дека е убеден дека изборите ќе се одложат се додека не бидат исполнети сите услови.

Слични содржини