Поранешниот премиер Никола Груевски синоќа од Будимпешта првпат се вклучи во емисија во живо и ги коментираше препирките со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тој го коментираше фактот што потпретседателот на партијата и негов поранешен партиски колега, Александар Николоски покажа УСБ во кое што информира дека се гледа како Груевски контактирал пред сѐ со ДУИ а потоа и со СДСМ во врска со измените на Кривичниот законик.
-Тоа е како бел лист хартија со нешто напишано. Не постои такво нешто. УСБ секој може да направи, можам јас да направам за 15 минути или било кој човек. Тоа се некои удбашки методи и за кои сум изненаден што ги гледам од луѓето толку години соработував. Наместо да се фокусирани да ја срушат Владата, тие се занимаваат со овие глупости, кога цел народ знае дека на УСБ што да и напишете, дека е од Александар, Никола, Трајко, Петко. Секој може УСБ-то на компјутер да си го крсти Никола Груевски и да рече дека содржината е од Никола Груевски, рече Груевски во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс.
Вели дека не ги сфаќа нападите од ВМРО-ДПМНЕ. Демантира дека соработува со ДУИ и СДСМ.
Они смислиле оска, тоа е пропаганда. Тргнати се во сосема непотребна офанзива. Не знам на кого треба да му испорачаат. Губат со ова, додаде екс-премиерот и демантира дека убедувал пратеници да гласаат за уставните измени.
Претходно Николоски во емисијата „360 Степени“ покажа УСБ и сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината.
-Едниот дел е, никој нема намера да биде таен агент и да собира докази, не е работа на партијата, ама поранешниот претседател треба да одговори зошто има комуникација и со еден од врвните луѓе на безбедносните структури во македонија, а треба да одговори и тој од безбедносните структури. Второ е, политичкото дејствување, кога ќе видите дека стигнува од неколку страни и кога ќе видите како од каде стигнува, кажа Николоски.