Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи, парите ги пренел со приватен авион

од Milan1
5,1K прегледи

Поранешниот премиер Зоран Заев започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција вредна повеќе од 600 милиони евра, тврди поранешниот премиер а сега бегалец во Будимпешта Никола Груевски. Како што објави тој на својот Фејсбук профил, Заев парите ги пренел со приватен авион.

– Тој веројатно во моментот е многу горд на себе во овие денови кога според информациите започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра.

Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет како никогаш во постоењето на Македонија и со злоупотребата на власта во времето на неговото владење, пари во готовина и потоа пренесени со приватен авион во Дубаи и ставени на банкарска сметка. Истовремено се подготвува и за нова голема инвестиција во една друга земја во Азија, охрабрен од помислата дека ги решил сите прашања за негова неказнивост по сите можни основи.

Но овој лажен верник, зол и алчен за пари човек, треба да знае дека носи на душа многу луѓе, меѓу кои и Игор Југ, дека злото што го направи во Македонија и на Македонците за да дојде до тие милиони и милијарди евра, мнозинството од граѓаните на Република Македонија никогаш нема да му ги заборават и ќе бараат одговорност за предавствата на националните интереси и организираниот криминал поврзан со канабис, тендери во енергетиката, во РЕК Битола, во фармацијата за време на Ковид кризата и воопшто за масовно раширената корупција и масовен рекет како никогаш во историјата од осамостојувањето на Македонија, како и за бруталниот политички прогон на политичките не истомисленици, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Слични содржини