Почесниот претседател, како што го прогласија неговите сопартијци, не ја користи канцеларијата која што му следува како поранешен лидер. Неофицијално, Никола Груевски закупил своја приватна канцеларија на стотина метри од партиското седиште, во трговскиот центар Палома Бјанка.

Од шалтерот на информации, не упатија на третиот кат, каде ни рекоа дека се наоѓа неговата канцеларија. Вработените од соседните канцеларии не сакаа да зборуваат пред камера, но со доза љубопитност ѕиркаат во канцелариите и велат дека Груевски тука често го среќаваат. Тој се појави по извесно време, пишува 24вести.