Група на мигранти илегално ја поминала српско македонската граница и тоа го запалило црвеното светло на претпазливост во полицијата. Засилената активност на криумчарските групи е причината зошто полицијата го засилила присуството на северната граница. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски негираше дека полицијата спровела акција-не се вршеле претреси по куќи ниту пак бил приведен некој. Северниот дел од земјата била точка каде имало најголем број на илегални премини па и затоа МВР го засилила присуството во овој дел.
Патролни единици на полицијата има на потегот од скопско Арачиново до кумановските села Матејче и Никуштак. Според информациите на МВР се прават само рутински контроли на возилата./24 Vesti