Група на граѓани се собраа пред Кривичен со поддршка за Жан Митрев

од Vladimir Zorba

Денеска пред почетокот на рочиштето Жан Митрев беше дочекан со аплауз и овации од поранешни пациенти.

Прегратки од пациенти и коментари: најдобар доктор, издржи, не се предавај.

Во моментов се одвива рочиштето за кое одбраната претходно се жалеше дека и се дава премалку време за да може да ги разгледа доказите.

Според нив, станува збор за 10.000 страници кои треба да ги разгледаат за 10 дена, а право на нивно разгледување имаат само по четири часа во денот.

Слични содржини