Група за процена: Безбедносната состојба во Република Македонија засега е стабилна и мирна

од Vladimir Zorba
68 прегледи
Безбедносната состојба во Република Македонија засега е стабилна и мирна, оценила Групата за процена на денешната седница на која беше разгледана безбедносната состојба во регионот и во државата, по последните случувања во Република Турција, соопшти ЦУК.
139375
– На седницата беше разгледана и состојбата во врска со мигрантите, за што беше избрифиран и Раководителот на Управувачкиот Комитет за координација и управување со кризи. Беше оценето во наредниот период да се зајакне граничното обезбедување и контрола со дополнителни воени и полициски сили, со цел спречување на илегална миграција и криумчарење со мигранти, се наведува во соопштението од Центарот за управување со кризи.

 

Слични содржини