Групата „Економисти за слободна трговија„ тврди дека британската економија има добри изгледи по Брегзит

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Групата на финансиски експерти “Економистите за слободна трговија” го критикуваа воведувањето на еврото како “катастрофа”, но додадоа дека економските проблеми на ЕУ се појавиле многу долго пред воведувањето на единствената валута, пренесува Daily Express.

Тие тврдат дека плановите за хармонизација, интеграција и европеизација во 27-те земји-членки покажуваат дека Унијата има лоша историја кога се споредува со пазарите во развој и меѓународни играчи како САД, Канада и Австралија.

Во последниот документ финансиерите тврдат дека “крајниот фанатизам за прописи” на Брисел, го задржува европскиот раст.
“Додека лидерите на најбрзо растечките земји во Азија се занимаваат со темелите на економскиот раст, Европа е обземена со манија за непотребни и штетни интеграции”, пишува економистот Роџер Ботл.

“Ослободени од оковите на ЕУ и нејзините политики, Велика Британија има апсолутен шанса за побрз економски раст”, рече тој.
Роџер Ботл, кој е поранешен советник на британската влада соопшти дека придобивките од единствениот пазар на ЕУ се “преценети”.

“Во случајот на Велика Британија околу 12% од БДП-то зависи од извозот кон ЕУ. Ова значи дека другите 88% не зависат. Сепак, овие 88% треба да ги почитуваат правилата на ЕУ “, рече тој.
Поддржувачите на останувањето во ЕУ рекоа дека групата “Економистите за слободна трговија” ги игнорираат фактите и ги нарекоа “брекстремисти”.