ГРУПАЦИЈАТА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА И АПЕКС МАКЕДОНИЈА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ДОНИРАА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 200.000 ЕВРА

од Stefanija Kuzmanovska

Во овој исклучително тежок период за граѓаните на нашата држава, како и за институциите кои се соочуваат со ефектите од пандемијата од КОВИД-19, групацијата Новоматик во Македонија (Адмирал, Астра и казино Фламинго хотел Гевгелија) и Апекс Македонија реализираа хуманитарна акција преку која донираа медицински кревети и дезинфекциони средства во износ од 200.000,00 евра.

„Решивме дека е наша должност да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Здравствените институции како и здраствените работници во Северна Македонија се во првите редови, во оваа борба за зачувување на општественото здравје. Токму поради тоа нашата хуманитарна акција беше насочена кон 5 медицински центри, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември
Скопје, ЈЗУ Клиничка болница Охрид, ЈЗУ Општа болница Гостивар и ЈЗУ Клиничка болница Гевгелија.

Оваа акција е реализирана со поддршка од страна на Министерството за здравство, менаџментот на здравствените институции, градоначалниците и општините што само ја докажува силната потреба од заедничко дејствување во овој период на непредвидливост.

Се надеваме дека донираните средства ќе придонесат кон јакнење на капацитетите на македонското здравство, и барем малку ќе ја олеснат работата на здравствените работници.“

Општествената одговорност на овие компании се демонстрираше уште на самиот почеток на пандемијата преку зачувување на работните места на вработените како и преку отстапувањето на Казино Фламинго Хотел Гевгелија на Владата кој беше користен како државен карантин со сите највисоки светски епидемиолошки стандарди.

Сакаме да веруваме дека овој исклучително тежок период ќе не научи дека взаемната почит и поддршка можат да ни помогнат да се извлечеме од секоја ситуација. Хуманоста и грижата за другиот се постапки кои ќе започнат верига на позитивни настани кои ќе резултираат со надминување на сите ризици и препреки со кои ќе се соочиме.

Слични содржини