Групацијата Триглав лани со добивка од 84,4 милиони евра

од Vladimir Zorba
99 прегледи

  Групацијата Триглав ќе исплати  56.837.870 евра дивиденда за 2017 година. Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на седницата одржана вчера го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2017 година и ќе предложи исплата на дивиденда по 2,5 евра бруто по акција.

Од Триглав информираат дека добивката на Групацијата е над планираната. Оствари 84,4 милиони евра добивка пред оданочување, додека планирано беше помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Три години по ред Групацијата Триглав постигнува премијски раст, којшто во 2017 година изнесуваше дури 7 проценти. Обезбеди 1 милијарда евра консолидирана бруто премија од осигурување, соосигурување и реосигурување, а планираната изнесуваше околку 930 милиони евра.

Триглав Осигурување во Македонија во 2017 година, како што стои во соопштението,  оствари добри резултати. Бруто полисираната премија во доменот на неживотни осигурувања е на ниво на претходната година. Компанијата во 2017 година оствари 2,1 процентен поен подобар комбиниран количник во однос на резултатот реализиран во 2016 година.

– Нѐ радува резултатот остварен во доменот на доброволно здравствено осигурување, каде што во 2017 година остваривме раст од 11 проценти во споредба со 2016 година. Ова е важен продуктен сегмент за Триглав, којшто настојуваме континуирано да го развиваме и подобруваме, за што подобро да одговориме на потребите на пазарот, а тоа го потврдуваат и самите резултати, изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување Скопје,  Ѓорѓе Војновиќ.