Групна тепачка во Драчево поради нерасчистени имотно-правни односи

Закани и физичка пресметка во скопско Драчево

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Принтскрин

Група тепачка вчера во Драчево поради нерасчистени имотно-правни односи – стои во полицискиот билтен.

– На 28.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ќ.(60) и 45-годишната Е.А., од една страна и 41-годишната С.Д. и Т.Д.(20) од друга страна, сите од Скопје. Исто така, во 21:00 часот во СВР Скопје, Е.А.(45) пријавила дека околу 13:30 часот Т.Д. и упатувал закани на неа и И.Ќ., информираа од МВР за случајот.

По целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.