Групна тепачка во штала во скопско – тројца завршија во болница

Шест лица се тепале во штала, а „летале“ и тврди предмети

од Nikola Popovski
79 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера (14.12.2025) околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во штала во с.Арнакија, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(24), Л.З.(21) и Р.З.(59), од една страна и А.З.(63), С.З.(30) и Б.З.(35) од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Р.З., додека со повреди се здобиле М.З. и Б.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември” и Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.