43
Европската унија загуби повеќе од 1,5 трилиони евра поради санкциите против Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко и оцени дека тоа е „цената на политичкиот избор на елитите на овие земји“.
Според него, Европската унија „оди по патот на самоуништување“, додека, како што вели, руската економија успеала да се прилагоди на западните санкции, пренесe ТАСС.
Потпретседателот на руската влада Александар Новак вчера прогнозираше дека руската економија на крајот на оваа година ќе порасне за 3,9 отсто, додавајќи дека тоа е значително над просечната стапка на економски раст во светот.