Грузија ја шокира Португалија за историски триумф и пласман во осминафиналето на ЕП

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Грузија ја постигна најголемата победа во својата историја како независна нација, откако ја совлада Португалија со 2-0 во Гелзенкирхен во последниот натпревар меѓу двете селекции од групата Ф, за да се квалификува во нокаут фазата на ЕП 2024 година.

Хвича Кварацхелија отвори рано за Грузијците уште во 2. минута, а Георгес Микутадзе ја удвои нивната предност во 57. минута од пенал со својот трет гол на ЕП 2024, со кој застана на врвот на листата на стрелци.

Така Грузијците, кои се дебитанти на завршниците на европските првенства, остварија историска прва победа, а се пласираа и во осминафиналето каде ќе се сретнат со Шпанија.

Вреден за споменување е настапот на Георги Мамардашвили, кој имаше феноменални одбрани на голот на Грузија.

Слични содржини