Грузија ќе поднесе барање за членство во ЕУ

од Nikola Popovski

Грузија утре ќе поднесе барање за членство во Европската унија, соопшти владејачката партија Грузиски сон.

Одлуката доаѓа еден ден откако Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикуваат европските институции да и дадат кандидатски статус на Украина.

Претседателот на партијата Грузиски сон, Иракли Кобахидзе, изјави за новинарите дека ја повикал ЕУ „итно да го разгледа барањето и да донесе одлука на Грузија да и се додели статус на кандидат за членство во ЕУ“, пишува „Слободна Европа“.

Во Грузија се одржаа големи демонстрации против руската инвазија на Украина. Русија контролира два грузиски региони, Јужна Осетија и Абхазија, од 2008 година, кога руските сили ја протераа грузиската армија.

Овој потег уследи по обидот на Грузија да ја врати Јужна Осетија, која водеше сепаратистичка војна против Грузија во 1990-тите.

Слични содржини