Грузискиот парламент се откажа од усвојувањето на Законот за странски агенти

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Грузискиот парламент денеска се откажа од законот за „странски агенти“, кој во претходните денови предизвика големи протести во Тбилиси и политичка криза, пренесе „Ројтерс“.

Пратениците гласаа против законот, откако владејачката партија Грузиски сон ја повлече поддршката за законот, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на парламентот.

Неколку десетици илјади Грузијци излегоа на улиците на Тбилиси три ноќи по ред за да протестираат против иницијативата наведувајќи дека владата сака да ја насочи земјата во дефинитивно авторитарна насока.

Слични содржини