ГТЦ утре без вода

од Nikola Popovski
30 прегледи

Скопски „Водовод“ информира дека во текот на утрешниот ден, дел од општина Центар ќе остане без вода за користење. Ќе се работи на дефект.

-Ве известуваме дека на ден 12.02.2025г. поради уличен дефект Ф-80мм на ул.Филип Втори пред ГТЦ во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот, стои во соопштението на „Водовод и канализација“.

Денеска поради уличен дефект на ул.5 кај чешмата во с.Сопиште, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.5, 6, 7 и дел од ул.1. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.

Слични содржини