Гуаидо: Не се во план преговори со Мадуро

од desk4
69 прегледи

Опозицискиот лидер во Венецуела Хуан Гуаидо изјави дека опозицијата во моментов не планира да учествува во новата рунда преговори во Норвич со претставниците на претседателот Николас Мадуро, по последните неуспешни разговори одржани на 29 мај.

Гуаидо за време на протестите во централна Венецуела изјави дека во моментов нови преговори со претставниците на Мадуро не се на дневен ред.

– Зошто не? Затоа што е бескорисно сето она што не води кон оставка на Мадуро, рече тој.

Гуаидо, кој е претседател на собранието, се прогласи за претседател на Венецуела во јануари, повикувајќи се на уставот на земјата и тврдејќи дека владата на Мадуро била избрана на нелегитимен начин. Како привремен претседател на Венецуела го признаа повеќето западни земји,, меѓу кои и САД.