
Според Guardian, политиката и на двајцата претседатели се базира на завери, обвинување надворешни сили за внатрешните проблеми, постојани напади на медиумите, користењето на религијата како алатка и играње со зборовите „терорист“.
Весникот прави спирала на авторитарноста во Турција и тврди дека она што Трамп планира да го направи, Ердоган веќе го има спроведено.
Меѓу другите работи, текстот потсетува дека до неодамна Турција важеше за демократска сила на Блискиот исток, додека денеска властите на оваа земја шират страв и параноја, која влијае на радикализацијата на земјата и брутално замолкнување на сите оние кои не се сложуваат со Ердоган.
Guardian пишува дека од демократска држава, Турција се претвори во држава во која се апсат противниците на власта, кои потоа се подложени на разни методи на тортура. Како пример го посочуваат давањето откази на огромен број луѓе кои се обвинети дека се поврзани со неуспешниот државен удар.
Споредбите меѓу Ердоган и Трамп, Guardian ги гледа и во тоа што двајцата користат реторика на патриотизам, која се граничи со национализам, двајцата се противници на абортусот и се склони кон објективизација на жените. Исто така, двајцата претседатели ги поставиле своите зетови на важни позиции и тешко ги поднесуваат критиките кои доаѓаат од новинарите и комичарите.
На крајот, Guardian заклучува: „Ердоган повеќе не претставува добар избор за Турција, исто како што ни Трамп не е добар за Америка. Тие го менуваат идентитетот на своите држави“.