Гугл и Фејсбук бараат од вработените во САД да се вакцинираат

од Nikola Popovski
218 прегледи

Гугл и Фејсбук ќе побараат од своите вработени да се вакцинираат против коронавирусот пред да се вратат во своите канцеларии, објавија денеска двата технолошки гиганти.

Во својот блог, извршниот директор на Гугл, Сундар Пичај, изјави дека задолжителната вакцинација ќе важи за канцелариите во САД во наредните недели и може да биде неопходна и на други локации, пренесе веб -страницата npr.com (Национално јавно радио), а веста ја потврди Ен -Би -Си.

„Вакцинацијата е еден од најважните начини да се зачуваме себеси и нашите заедници здрави во наредните месеци“, рече Пичај.

Кратко по објаватана Гугл, одговори и Фејсбук, кој наведе дека секој што сака да дојде да работи во канцелариите во САД, мора да биде вакциниран во наредните недели.

„Како ќе ја спроведеме оваа политика ќе зависи од локалните услови и правила. Ќе имаме процес за оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини или некои други причини и ќе го оцениме нашиот пристап во други региони додека се одвива ситуацијата “, напиша Лори Голер, една од потпретседателите на Фејсбук.

Засега, други големи технолошки компании, вклучително и Епл и Амазон, одбија да наредат задолжителна вакцинација, додека во Мајкрософт вакцинацијата не е задолжителна, но се препорачува.

Слични содржини