Гугл ја отвори својата нова онлајн продавница

од Vladimir Zorba
127 прегледи
Гугл ќе продава Нексус уреди, Хромбук компјутери, паметни часовници и други физички производи преку нова онлајн продавница на адресатаstore.google.com. Досега овие видови набавки се случуваа од дигиталните витрини на Плеј Стор, од кои Андроид корисниците обично симнуваат апликации, музика и филмови. Но, тоа веќе нема да се случува.welcome_0005_welcome_0224_alt
Во новата онлајн продавница „можете да спазарите Нексус телефони и таблети, Хроумбук лаптопи, Хромкаст, да дознаете повеќе за Андроид Веар, Нексус Плејер и Нест, да купувате додатоци како футроли, тастатури и полначи“, пишува на официјалниот блог на компанијата.
Целта на Гугл е едноставна: кога имаме потреба од апликации, игри, музика и филмови, да ја посетуваме Гугл Плеј, а кога сакаме да купиме одреден физички производ, да го посетиме новиот Гугл Стор.
За жал новата продавница не е активна на територијата на Македонија, но и тоа ќе се случи во даден момент.