
“Гугл” го продава бизнисот за собирање на геопросторни информации “Тера Нова”. Купувачот е стартап компанијата “Планет Лабс”, формирана од поранешни научници од НАСА. Приватниот сателитски оператор е еден од ретките стартапи фирми, чија амбиција е да создадат помали и далеку поевтини сателити – акција, што ќе им овозможи да се создадат поголеми сателитски мрежи со далеку редуциран ризик и пониски цени.
Според официјалното соопштение на “Алфабет” по повод договорот, компанијата вели дека “Гугл” ќе склучи долгогодишен договор со “Планет Лабс” за размена на геопросторни податоци и така ќе помогне во регрутирањето на нови клиенти и спонзори.
Одлуката на “мајката” на “Гугл” да се раздели од својата единица не е изненадувачка имајќи го в предвид фактот дека пред две години компанијата влезе во нова ера на финансиска дисциплина, која започна со инаугурацијата на новиот финансиски директор Рут Порат. Уште минатиот месец дури во американските медиуми се појавија шпекулации за можната продажба, но беше непознато – дали “Планет Лабс” ќе успее да го собере потребниот капитал за финансирање на договорот и да ги продолжи операциите на “Тера Бела”.
“Тера Нова” беше купена од Google во 2014 година за 500 милиони долари и тогаш компанијата се уште беше позната како “Скајбокс Имиџинг”. Во моментов таа располага со седум релативно мали сателити од по 100 килограми во вселената.