Гугл прави свој здравствен картон

од Aleksandar Petrovski
215 прегледи

Американскиот гигант Гугл се здружи со еден од најголемите здравствени системи во САД заради собирање на податоци за лична здравствена заштита на милиони луѓе. Попрецизно ќе имаат свој картон на пациенти.

Проектот е наречен „Project Nightingale”, а Гугл се здружи со ланецот на здравствени установи во државата Сент Луис. Оваа здравствена установа има свои испостави во 23 држави ширум САД.

Така на мала врата овој гигант доби пристап до податоците на голем број на пациенти кои вклучува: дијагнози, лабараториски анализи, податоци за престој на лечење, како и комплетна здравствена историја вклучувајќи и датум на раѓање.

Како што пренесуваат светските медиуми Гугл овие податоци ги собира и користи без знаење на пациентите и докторите, што е легално според федералниот закон се додека податоците се собираат во здравствени намени.

Од компанијата кратко рекле дека нивната соработка со споменатата здравствена установа е целосно легална и дека податоците на пациентите се заштитени од злоупотреба.

Тие податоци ќе се користат за потребите на создавање на софтвер кој ќе ги предвидува здравствените потреби на пациентите базирани на нивната историја. Овие податоци ќе може да ги користат и останатите компании внатре во Гугл.

Слични содржини