Гугл се залага вештачката интелигенција да не се користи како оружје

од desk2
91 прегледи

Компанијата Гугл нема да дозволи нејзините производи од областа на вештачката интелигенција да се употребат за производството на оружје или пак, на кој било начин да повредуваат луѓе, гласи заклучокот од полемиката која се одржа пред да се договори продолжувањето на соработка меѓу Гугл и американската армија.


Гугл веќе неколку седмици се соочува со незадоволството на илјадници свои вработени кои се против соработката со Пентагон. Според американските медиуми Гугл нема да го продолжи тој договор за вештачката интелигенција со властите, по истекот на неговиот рок во 2019 година.

– Знаеме дека една толку моќна технологија покренува доста важни прашања за употребата, напиша шефот на компанијата Сундар Пичај на официјалниот блог на Гугл, каде тој ги истакна етичните принципи поврзани со оваа проблематика.

Тој сепак нагласи дека компанијата нема да ја прекине соработката со армијата во многу други области, како што се кибер-безбедноста или спасувачките операции.