Гугл „знае“ каде може да се појават нови жаришта на корона

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Многу нешта можат да се научат со следење на трендовите на пребарувачот на Гугл, а една од нив, покажа неодамнешното истражување спроведено од научници од Општата болница во Масачусетс, се новите жаришта на епидемијата на болеста КОВИД-19. Студијата користеше методи што се користат повеќе од една деценија за следење на епидемии и ширење на грип и се покажа како исклучително ефикасна.

Иако треската, кашлицата и губењето на чувството за мирис се најчестите симптоми на зараза со коронавирус, студијата открива дека симптомите на гастроинтестиналниот тракт како што се дијареја, повраќање, губење на апетит и абдоминална болка се најчести.

Користејќи „Гугл Трендс“ и податоци за заразени лица од „Харвард Датаверс“, истражувачите го поврзаа зголеменото пребарување на такви симптоми во една област, со жариштата на новиот коронавирус, што подоцна се појавиле. Анализиран е периодот помеѓу 10 јануари и 20 април, односно пред да започне короната во Соединетите држави сè до времето кога ситуацијата целосно се разгоре и беше пронајдена „силна врска“ помеѓу зголемувањето на пребарувањата на Интернет за овие симптоми и силното зголемување на бројот на заразени.

На пр. 3-4 недели откако голем број жители на Њујорк, Њу Џерси, Калифорнија, Илиноис и Масачусетс започнаа да пребаруваат на „Гугл“ за симптоми на гастроинтестиналниот тракт, пријавени се голем број на заразени лица во тие области.

Кајл Сталер, директор на гастроинтестиналната лабораторија во болницата Масачусетс, рече дека податоците што ги добиле ја потенцирале важноста на гастроинтестиналните симптоми како потенцијални гласници на инфекцијата со Ковид-19 и сугерира дека „Гугл Трендс“ може да биде важна алатка за предвидување на пандемија со гастроинтестинални симптоми.

Слични содржини