Ѓукановиќ: А знам дека некои сакаат ама немам намера да поднесам оставка

од desk4
93 прегледи

Немам намера да поднесам  оставка, иако,  еден дел од црногорската јавност во моментов тоа го сака порача црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ отворено пред  црногорските медиуми , по афероте кои му се пакуваат во последно време.

 

Ѓукановиќ, во последно време е на удар на тешки обвинувања од страна на некогашниот пријател, советник и соработник, претседателот на Атлас групата Душко Кнежевиќ.

Според Црногорскиот претседател аферата Атлас има две цели, од кои првата е Кнежевиќ да се заштити од очигледната кривична одговорност, а втората, како што тврди, и поважна цел е обидот аферата да се стави во функција на вознемирување на јавноста и предизвикување улични протести, односно смена на власта на улица.

Инаку  црногорската полиција денеска го уапси Ж.П. (49) од Андријевица поради сомнеж дека под фотографијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на „Фејсбук” објавил коментар со заканувачка содржина.

– Ж.П. на неговиот „Фејсбук” профил синоќа објави фотографија на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ со заканувачки коментар за неговиот живот, се вели во соопштението.