Ѓукановиќ бара да се затворат границите: Во сериозна опасност сме!

од Берта Китинска

Мило Ѓукановиќ бара затворање на границите на Црна Гора и забрзана имунизација. Здравјето на граѓаните, вели тој, е во сериозна опасност.

Тој вели дека за ужасните бројки на починати, како и на болни во Црна Гора е потребно навремено воведување и ефикасна примена на епидемиолошки мерки, затворање на границата за влез во земјава без ПЦР-тест, како и забрзување на процесот на имунизација .

„За да ги заштитиме граѓаните, мора да се издигнеме над поделбите“, рече Ѓукановиќ, пренесува РТЦГ.

Според претседателот, повеќе од 1.000 црногорски граѓани починале за нешто повеќе од 11 месеци како резултат на инфекција со коронавирус.

„Она што беше тажна вест во април или мај минатата година во пријателски земји ширум светот со многу поголемо население, поради што испратив изрази на сочувство и солидарност до шефовите на држави во име на граѓаните на Црна Гора, е наша трагична реалност денес “, рече Ѓукановиќ.

Слични содржини