Ѓукановиќ мора да го врати скапоцениот „Мајбах“

од Nikola Popovski

Шефот на црногорската Агенција за национална безбедност ѝ наложил на полициската управа да врати две возила Мерцедес-Мајбах, кои претходно ги позајмила и му ги предала на употреба на претседателот Мило Ѓукановиќ и поранешниот премиер Душко Марковиќ, пишува подгоричкиот портал IN4S.

Нема официјална потврда за оваа информација, а порталот пишува дека по враќањето на возилата, владата ќе донесе одлука за нивната понатамошна судбина.

Се наведува дека вредноста на овие скапи возила во блиндирана верзија е до еден милион евра.

Слични содржини